Крцкава, сочна и миризлива пита од готови кори, исполнета со крем од ванила е bougatsa.
Потребни состојки:
- 400 гр тенки кори,
- 100 гр. растопен путер,
- шеќер во прав и цимет.
За филот се потребни:
- 0.5 мл. млеко,
- едно јаце,
- две пакувања ванилин шеќер,
- 100 гр. нишесте,
- 180 гр. шеќер.
Првин се подготвува филот за да се олади. Во сад се мати јајце, се додаваат ладно млеко, шеќер и нишесте, се меша се додека не се добие смеса без грутчиња. На оган, на средна температура се става останатото млеко и шеќерот. Кога ќе почне да врие постепено се додава кашата, со непрестано мешање. Се меша уште десетина минути за да згусне кремот. Се додава ванила шеќерот, се меша и се тргнува од оганот, да се олади.
Во намастена тава се редат седум кори една врз друга, секоја кора убаво се премачкува со путер. Се става кремот од ванила и рамномерно се распоредува. Краевите од корите се виткаат над филот и се премачкуваат со путер. Над нив се редат уште пет кори, секоја премачкана со путер и со свиткани краеви кон средината на тавата. Се премачкува со растопениот путер и се става да се пече 25 минути во загреана рерна на 200 степени.
Врз оладената пита се ставаат шеќер во прав и цимет, а потоа се сече за послужување.
Наздравје!