ПечиваПитиРецептиТрадиционални рецепти

Крцкави банички со сирење и блитва

Нема поубав мирис од оној кога во домот се печат домашни банички – топли, крцкави и полни со сочен фил. Овие банички се вистинска мала магија: тенки, рачно развлечени кори што се листаат при секој залак, а во нив се крие неодолива комбинација од сирење и свежа блитва 

Совршен баланс помеѓу крцкаво и меко, со домашен вкус што потсетува на детството и традицијата.

Состојки за тесто:

  • 400 мл вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажица сол
  • 550 г брашно
  • масло и брашно (по потреба)

За фил:

  • 300 г сирење
  • 3 китки блитва

Крцкави банички

Подготовка

  1. Во сад измешајте ја водата, маслото, оцетот и солта. Потоа постепено додавајте го брашното и мешајте додека да добиете меко тесто.
    👉 Внимавајте да не стане тврдо – тестото треба да биде меко и еластично.
  2. Mесете го тестото околу 5 минути, обликувајте го во топка, покријте го со растеглива фолија и оставете да одмори 15 минути.
  3. Од тестото оформете 12 еднакви топчиња. Секое топче расукајте го во круг (15–20 см), па редете ги едно врз друго, премачкувајќи ги со масло помеѓу секој слој.
    Покријте ги поцторно и оставете да одморат уште 10 минути.
  4. Секое парче тесто ставете го на намастена површина и внимателно развлечете го со раце во тенка, голема правоаголна кора, попрскајте ја со масло.
  5. Преклопете ја кората од горната и од долната страна за да добиете тесна долга лента.
  6. На почетокот од кората на долниот дел, ставете фил од претходно исечкана и кратко обарена блитва, измешана со дробено сирење.
  7. Роловајте ја кората од кај филот нагоре да се формира долга ролна.
  8. Исплетете ја ролната во форма на баничка.
  9. Наредете ги баничките во намастена тепсија/хартија за печење и печете во загреана рерна на 200°C околу 25–30 минути, додека убаво не заруменат.

Крцкави банички

Послужување

Највкусни се додека се топли – крцкави однадвор, а меки и сочни одвнатре. Послужете ги со јогурт или кисело млеко за совршен домашен оброк.

На здравје!

Крцкави банички

 

More in:Пити

Рецепти

Пита со тиква

 Домот да замириса на есен со тиква и цимет. Потребни состојки за тесто: 500 грама ...

You may also like

Десерти

Марленки

Бомбици со раскошен вкус на ореви, бисквити и мед, а во срцето – нежно кремасто ...