ЗимницаСлатка и џемовиТрадиционални рецепти

Слатко од модри сливи

Има нешто посебно во слаткото од модри сливи — мирисно, сочно и богато со вкус. Сливите при варењето се претвораат во мали стаклени топчиња, обвиткани со густ, проѕирен шербет што ја чува нивната природна овошна арома. Лимонот додава токму онолку свежа киселкастост колку што е потребно, ја ублажува слаткоста и создава совршено избалансиран вкус — ова е слатко што мириса на лето и потсетува на старите домашни зимници.

Состојки:

  • 1 кг цврсти модри сливи
  • 1 кг шеќер
  • 250 мл вода
  • 1 рамна лажица сода бикарбона
  • 2–3 лажици лимонов сок
  • 1 лимон, исечен на кругови
  • 1 ванилин шеќер — по желба 

Подготовка: Сливите излупете ги и извадете ги семките. Најдобро е да останат цели. Во поголем сад ставете 2 литри ладна вода, додај те ја содата бикарбона, па промешајте. Ставете ги сливите внатре и остави ги да отстојат околу 1 час. Содата помага сливите да се зацврстат и да останат цели при варењето. Исцедете ги сливите и исплакнете ги  добро со ладна вода, 2–3 пати, за да не остане сода.

Во широк сад ставете 1 кг шеќер, ванилин шеќер и 250 мл вода. Варете додека шеќерот целосно не се растопи.  Додајте ги сливите во врелиот шербет. Не мешајте со лажица — само повремено протресувајте го садот. Варете на средна температура околу 30–40 минути. Собирајте ја пената што се создава одозгора. Кога сливите ќе станат стаклести, а шербетот ќе почне да се згуснува додадете ги круговите лимон, варете уште 5 минути.

Тргнете го од оган, покријте го со чиста памучна крпа и оставете го да се олади 6–8 часа. Потоа турете го во чисти, суви тегли и затворете ги.

На здравје сладење!

You may also like