ПечиваПитиРецепти

Пита со виршли – крцкава и воздушеста

Понекогаш највкусните јадења се создаваат од едноставни состојки што речиси секогаш ги имаме дома. Овие запечени виршли со кашкавал се совршен пример за брз, заситувачки и неодоливо вкусен оброк. Крцкавата златна кора, меката внатрешност и стопениот кашкавал создаваат комбинација што ги освојува и децата и возрасните.


Потребни состојки:

  • 400 г виршли
  • 300 мл млеко
  • 120 г рендан кашкавал
  • 140 г брашно
  • 3 јајца
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Масло за пржење

Начин на подготовка: На виршлите направете неколку плитки засеци и исецкајте ги, јас една виршла ја сечев на три дела. Во тава со малку масло кратко запржете ги виршлите додека добијат златна боја.

Во длабок сад изматете ги јајцата, млекото, брашното, малку сол и бибер по вкус додека не добиете мазна смеса без грутки. Оставете ја смесата да одмори 15 до 20 минути на собна температура. Загрејте тава во рерна загреана на 220°C со вентилатор. Во жешката тава распоредете ги виршлите, посипете го ренданиот кашкавал одозгора и прелијте ги со подготвената смеса. Печете 20 до 25 минути со вентилатор, без да ја отворате рерната, додека јадењето убаво не нарасне и не добие интензивна златна боја.
Највкусна е веднаш по печењето, кога кашкавалот е сè уште растопен, а кората пријатно крцкава мацната во сенф.

На здравје!

More in:Пити

You may also like