Главни јадењаЛебРецепти

Ќофтиња во доматен сос со крцкави солени стапчиња

Меки како локумчиња, со неповторлив шмек од ориганото и босилекот се овие ќофтиња, прелиени со сомотна текстура од доматен слатко, киселкаст сос во комбинација со крцкави солени стапчиња.

Солени  стапчиња – состојки и подготовка:

  • 225 гр. брашно,
  • 15 гр. свеж квасец,
  • 10 гр. сув  квасец,
  • 100 мл. млака вода,
  • прстофат шеќер,
  • мала лажица сол.

Квасецот  и шеќерот се  ставаат во водата за да стасаст, за потоа постепено да им се додаде брашното и солта и се замеси тестото. Се формира топка и се остава да стаса 30 минути. Стасанато тесто се дели на мали топчиња. Од секое топче се сука стапче долго 20  сантиметри. Се редат во тепсија на хартија за печење. Се премачкуваат со прелив од 2 лажици брашно со 50 мл вода, врз нив се ставаат сол и афион. Вака подготвени се оставаат да стасаат 10 минути, додека да се загрее рерната. Се печат  7 до 8  минути во загреана рерна на 200 Ц, потоа се вадат, па се враќаат и се печат уште 5 до 6 минути.

Ќофтиња – состојки и подготовка:

  • 500 гр. мелено месо од мисирка,
  •  јајце,
  • две главици  ситно сечкан  кромид,
  •  50 гр. презли,
  • три супени лажици лимунов сок,
  • сол, бибер, сув босилок и оригано по желба.

Сите состојки се мешаат за да се добие хомогена маса. Се формираат мали топчиња и се пржат во загреано масло за готвење на средна температура.

Сос – состојки и подготовка:

  • 400 гр. конзервирани шери домати,
  • 125 гр. моцарела,
  • 60 мл. црвено вино,
  • лажица шеќер,
  • 4 до 5 лукчиња,
  • две главици сечкан кромид,
  • неколку свежи листови босилок, сол  и бибер по желба.

Сите состојки се ставаат во тава и се варат до зовривање, за потоа  температурата да се намали на средна. Сосот се покрива со капак и се промешува од време на време дваесетина минути.

На крајот, во подготвениот сос се додаваат ќофтенцата, се промешуваат, им се додава моцарелата, пармезанот и свежи листови босилок.

Наздравје! /Б.Б.

Next Article:

0 %