ПечиваПитиРецепти

Пита со тиква

 Домот да замириса на есен со тиква и цимет.

Потребни состојки за тесто:

  • 500 грама брашно,
  • лажиче сол,
  • 2 големи лажици масло,
  • лажиче оцет,
  • млака вода по потреба.

Фил:

  • тиква,
  • шеќер по вкус,
  • цимет.

Подготовка: Прво се подготвува филот. Тиквата измиена ја сечам на парчиња ја редам во тенџере и турам вода два прста да има од дното. Го затварам тенџерето со капак и оставам 30 минути да се обари тиквата на пареа, ако испари водата се дополнува. Обарената тиква кога ќе се олади се чисти од лушпите и се пасира. Во неа турам лажица цимет и неколку лажици шеќер, ако тиквата не е доволно слатка.

Тесто: Се замесува тесто со млака вода, се дели на пет топчиња, се покриваат со растеглива фолија и се оставаат 15 минути да одмори тестото. На маса постилам чаршав, земам едно топче тесто, со намастени раце без месење го растегам тестото и го ставам на чаршавот. Се растегаат краевите од тестото, што повеќе може. Се попрскува кората со масло, па со фил. Потоа со помош на чаршавот го роловам тестото. Така се формираат витка која  ја виткам во круг. На намастени тава го ставам виткалникот. Продолжувам со истата постапка со секое топче тесто. Се пече 20 минути, во загреана рерна на 220 степени, додека да зарумени. Се служи оладена и се наросува со шеќер во прав и цимет.

Наздравје!/Б.Б.

Next Article:

0 %