Медени, ронливи, во уста се топат овие шеќерпариња.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 80 гр. шеќер во прав
  • 125 гр. путер
  • прашак за печиво
  • 50 гр. гриз
  • 3 јајца (едното јајце се двои белката и жолчката)
  • ванилин шеќер
  • кора од лимон или лажичка кардамон

Шербет:

  • 600 мл. вода
  • 500 гр. шеќер
  • три резанки лимон
  • ванилин шеќер

Подготовка:

Во сад се става просеаното брашно, се додаваат шеќерот во прав, прашакот за печиво, ванилин шеќер и гризот. Се мешаат сувите состојки, па се додаваат путерот, сечен на тенки листови, две јајца, белка и кората од лимон. Се меша со лажица да се соединат состојките, потоа се меси да се оформи меко тесто. Ако тестото е многу лепливо се додава малку брашно, за да може лесно да се формираат топчиња од тестото.
Се покрива тестото со еластична фолија и се остава да одмори 20 минути.
Се формираат топчиња од 30 грама од тестото, сите да бидат исти, секое топче се оформува во форма на бадем, со зашилени краеви, со дланката се притиска одозгора, да се сплеска, па се редат во тава премачкана со путер. Се премачкуваат со жолчка, потоа со вилушка се прави шара со нежно притискање во должина на секое колаче. Се печат 15 минути во загреана рерна на 180Ц, да заруменат.

Додека се печат колачите се подготвува шербетот.
Во длабоко тенџере се ставаат водата, шеќерот, ванилата и лимонот на оган, се остава шербетот да зоврие, потоа на средна температура да врие десетина минути.
Топли колачи се полеваат со топол шербет, се покриваат со алуминска фолија и се оставаат покриени да се оладат.
Се украсуваат по желба со јаткасти плодови, кокос, сечкано суво овошје.

Наздравје!

 

 

Next Article:

0 %