Главни јадењаРецепти

Боранија

Боранијата во мојот дом е присутна повремено, најчесто посна без месо, така ја сакаме најмногу. Можеби сите не ја обожаваат, но вака подготвена ќе ви се допадне.

Состојки:

  • 450-500 грама боранија
  • Два поголеми моркови (исечкани на тенки ленти)
  • Две пиперки зелени (исечкани на ленти)
  • 5-6 лукчиња
  • 300 мл. доматен сос
  • пола китка магдонос (исечкан)
  • 300 мл. вода
  • лажица зачинал, лажица црвен пипер, бибер и сол

Подготовка:
Во тенџере со масло за јадење се ставаат  морковите и пиперките. Се пржат 5 минути, да омекнат, потоа се додава лук, црвен пипер, зачинал и бибер по вкус, па се додава боранијата со мешање да поприми од зачините, се пржи 5 минути, па се додава вода. Се покрива со капак (полуотворен) и се остава да  крчка да се намали течноста 10 минути.  Се додава сол, ако има потреба и доматниот сок, повторно се остава да крчка да се добие саканата густина на манџата.
Кога е готова се додава магдоносот.

Наздравје!

Боранија

 

Next Article:

0 %