Бомбици со раскошен вкус на ореви, бисквити и мед, а во срцето – нежно кремасто полнење од бело чоколадо што се топи со секој залак. Совршени за кафе, гости или кога ви се јаде нешто брзо, а неодоливо вкусно.

Marlenki
Состојки за бомбиците:
• 150 г мелени бисквити
• 150 г мелени ореви
• 80 г омекнат путер
• 60 г мед
• 1 лажичка ванила
• 150 г кондензирано млеко
За полнење:
• 100 г бело чоколадо
• 50 г кондензирано млеко
За валкање:
• 50 г мелени ореви
• 50 г мелени бисквити
Подготовка:
Во сад измешајте ги мелените бисквити, оревите, путерот, медот, ванилата и кондензираното млеко додека добиете компактна смеса.
Кондензираното млеко стоплете го и соединете го со белото чоколадо за да добиете кремаст фил.
Од смесата формирајте топчиња, сплескајте ја , во средина ставете мало топче од бело чоколадо. Затворете ги и обликувајте бомбици.
На крај, извалкајте ги во мешавина од мелени ореви и бисквити. Оставете ги кратко во фрижидер за вкусовите совршено да се соединат.
На здравје!









