ЗимницаРецептиСлатка и џемови

Џем од модри сливи

Палачинка намачкана со овој рустичен џем во рубин боја, надополнет со волшебниот вкус од печени модри сливи ќе ве однесе во друга димензија.

Состојки:

  • 3 кг. модри сливи
  • килограм шеќер
  • лажица јаболков оцет

Подготовка: Исчистени од семки модрите сливи и исечкани на четвртинки се редат во длабоко тенџере, врз нив се тура шеќерот и се оставаат 2 часа да отстојат во фрижидер. Потоа се вадат од фрижидер им се додава лажица јаболков оцет и се става во загреана рерна на 220 Ц половина час да почне да крчка, па се намалува температурата на 180 Ц и се остава во рерна да се пече додека да згусне, уште час и половина со повремено мешање. Кога е готово се вади тенџерето, се покрива со влажна крпа и се остава да се олади. Оладениот џем се збира во тегли.

Наздравје!

 

Next Article:

0 %