ПечиваПитиПојадокРецепти

Шпанска пита

Миризлива, мека со интересни вкусови е шпанската пита. Брза и лесна за подготовка, најчесто ја подготвувам за појадок, ја послужувам со чаша јогурт за мене најдобра комбинација. Рецептот што ви го споделувам е старински кога мерките беа со чаши, јас користев чаша од 200 мл.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • чаша јогурт
  • ½ чаша масло за готвење
  • чаша бело брашно
  • чаша пченкарно брашно
  • прашак за печиво
  • лажица сол
  • бибер по вкус

Начин на подготовка:
За тестото се мешаат сите горе наведени состојки. Кога ќе се добие хомогена смеса се додаваат следниве состојки кои треба да бидат претходно исечкани на коцки.

  • 150 грама кашкавал
  • 100 грама кулен
  • 2 поголеми кисели краставички
  • Зелена пиперка
  • Црвена пиперка
  • Грашак една рака (замрзнат или од конзерва)

Се заедно се меша да се соединат состојки.  Смесата треба да биде течна, да не стане како тесто. Потоа во намастена тава се тура смесата.
Се пече 20 минути, во загреана рерна на 220 степени.
Наздравје!

На следново видео може да го погледнете начинот на подготовка:

 

 

 

Next Article:

0 %