Главни јадењаРецептиТрадиционални рецепти

Турлитава – летна кралица

Турлитава е македонско традиционално јадење подготвено од месо и микс на зеленчуци. Јас го подготвив на мој начин, како што го подготвуваат мојата мајка и баба. Вкусот од печен зеленчук со месо за мене е неверојатен спој, експлозија од вкусови.

Состојки:

  • 300 гр. телешко месо
  • 300 гр. свинско месо
  • 2 главици кромид
  • 4 моркови
  • 4 компири
  • модар патлиџан
  • тиквичка
  • 4 пиперки
  • 4 домати
  • 10 бамји
  • пола китка магдонос
  • неколку гранчиња босилек
  • сол, бибер
  • масло за јадење

Подготовка:

Зеленчукот се мие, тие со лушпа се лупат, потоа целиот зеленчук се сечка на коцки. Само на бамјите им се сечат дршките и се полеваат со зовриена вода со сол, да отстојат 10 минути, за да не пуштаат слуз, потоа ако не се многу долги ги сечам на половина, подолгите на три дела.

Месото исто како зеленчукот се сечка на коцки.

Во тенџере со загреано масло се додава месото и се динста 10 минути. Потоа се додава кромидот и морковот, па се динста уште 5 минути. На крај се додаваат сите зеленчуци освен бамјите. Се заедно се тура во тава за печење (традиционално се подготвува во земјена тава), се зачинува со сол и бибер по вкус, се додаваат бамјите, магдоносот и босилекот сечкан, се меша се заедно, се полева со 150 мл. топла вода и се става во загреана рерна на 200 Ц да се пече 1 час.

Наздравје!

 

 

Next Article:

0 %