Главни јадењаРецепти

Похован карфиол

 Од надвор крцкав, а внатре мек како путер е похованиот карфиол. Јас го пржев на масло за готвење, а поздрва варијанта е да се пече во рерна.

Карфиолот е многу здрав, а има специфичен вкус, но се зависи од тоа како го подготвувате. Овој рецепт е брз и лесен за подготовка и вкусен за јадење.

Состојки:

  • главица карфиол
  • три јајца, изматени
  • три лажици брашно
  • 150 грама презла
  • зачинал, сол, лук во прав и масло за готвење

Подготовка: Во зовриена вода се става лажица сол и исчистена главицата карфиол, да се вари десетина минути. Откако ќе се излади и исцеди се сече на листови со дебелина од 1 см, секое парче се зачинува со зачинал и лук во прав. Потоа секое парче се валка во брашно, па во јајце и на крај во презла. (Најдолу има видео да се види начинот на подготовка.)Се пржат на топло масло со средна температура, додека да заруменат, или се редат во тава на хартија за печење и се печат 10-15 минути, во загреана рерна на 220 Ц. Наздравје!

https://youtube.com/shorts/w6QxOT9f_T0?feature=share

 

Next Article:

0 %