Главни јадењаРецепти

Пилешко со спанаќ

Пилешко со спанаќ, шампињони и јајца надополнет со прекрасниот интензивен шмек од кари и лук е топ комбинација.

Состојки:

  • 500 гр. пилешки стек
  • 500 гр. спанаќ
  • 200 гр. шампињони
  • 5 јајца
  • еден праз
  • сол, бибер, кари и лук во прав

Подготовка:

Во тава со масло се пропржува пилешкото, претходно исечкано на коцки и зачинето со сол. Откако малку ќе заруменат мевцата се зачинува со кари и се додава празот исечкан на мали коцки, се промешува, па се додаваат шампињоните сечкани на половина уште 5 минути да се пропржат. Потоа во тавата се тура 150 мл. вода, се додава спанаќот и се зачинува со сол и лук во прав, се затвара со капак тавата и се остава 10 минути да се динстаат месото и спанаќот со повремено мешање.
Откако течноста во тавата ќе се намали со дрвена лажица се прават пет длабнатинки во спанаќот каде што се тураат јајцата едно по едно. Врз јајцата се тура сол, бибер и кари по вкус и повторно се затвара тавата со капак се додека јајцата не се зготват.

На здравје!

Next Article:

0 %