ДесертиКолачиРецепти

Крофни

Со фантастичен вкус и прекрасен мирис, крцкави од тенкиот слој шеќер, а внатре воздушести се крофните, кои секогаш се добредојден десерт на кој сите се радуваат.

Потребни состојки за 18 – 20 крофни:

  • половина свеж квасец
  • 300 мл. млако млеко
  • 4 лажици масло за јадење
  • лажица шеќер
  • прстофат сол
  • 2 јајца
  • ванилин шеќер
  • 600 – 700 гр. брашно
  • рендана кора од лимон или портокал
  • лажица рум

 

  • 150 грама шеќер и лажица цимет за валкање

Начин на подготовка (видео):

Квасецот се става во млакото млеко, се додава шеќерот, прстофат сол и лажица брашно, се меша се заедно и се остава 10 минути да стаса.  Во длабок сад се тура стасаниот квасец па се додаваат  јајцата, маслото, румот, ванилата и кората од лимон и се мати се заедно. Потоа постепено се додава брашното и се замесува меко тесто, тоа е најважно за да бидата воздушести крофните. Се формира топка од тестото и се остава во садот да стаса 40 минути, да се удвои тестото, се покрива со растеглива фолија, за да не се суши, а потоа се покрива со памучна крпа.

Стасаното тесто го делам на парчиња по 70 грама тежина, за да бидат сите крофни иста големина, потоа од секое парче формирам топче, го ставам на работната маса и со дланката го притискам одозгора да се зголеми кругот и да има дебелина 1 – 1,5 см., па ги редам на набрашнета површина. Кога се сите оформени ги покривам со памучна крпа и ги оставам уште 30 минути  повторно да стасаат.

Во длабока тава со загреано масло за јадење на средна температура се ставаат да се пржат. Земате крофна и ја вртите, долниот дел што стоел на работната маса да биде нагоре кога се става во маслото за пржење, се редат неколку во зависност од големината на тавата и се поклопуваат со капак, така се пржат  3-4 минути убаво да нараснат и да заруменат, потоа се трга капакот па се вртат крофните од другата страна, се пржат без капак 2-3 минути да заруменат од другата страна. Се вадат на хартија да ја впие маснотијата, па топли се валкаат во длабок сад каде е измешан шеќерот со циметот.

Кога ќе се оладат, по желба може да се полнат со крем или џем.

Наздравје!

На следното видео погледнете го начинот на подготовка:

Next Article:

0 %