ДесертиКолачиРецепти

Кокосанки – здрав десерт

Кокосот и чоколадото се добитната комбинација на овие кокосанки. Миризливи, ровки сладости, посни и брзи за подготовка.
Состојки:
  • 200 мл. протеински пудинг од кокос или ванила
  • 150 гр. кокос
  • две лажици мед
  • 150 гр. темно чоколадо
  • 2  лажици кокосово масло

Подготовка:

Во длабок сад се тура пудингот, медот и кокосот. Се меша се заедно додека се сврзе. Потоа се тура смесата во тавче се сечат правоаголни форми или се формираат по желба, па се ставаат 30 минути во фрижидер за замрзнување.

Се топи чоколадото со кокосовото масло на пареа, па во него се става секое кокосово парче, повторно се ставаат во замрзнувач уште 15 минути, па се служат.

 

 

Next Article:

0 %