ДесертиКолач / РолатТрадиционални рецепти

Божиќен козињак (милиброд)

Вкусен празничен колач со повеќе имиња, како козињак, милиброд или плетенка. Секогаш го подготвувам за божиќ, тестото го делам на два дела од едниот дел печам козињак класичен со суво грозје, а од другиот дел печам ролат со афион (маак).

Потребни состојки за тесто:

  • килограм брашно,
  • 4 јајца,
  • 50 мл. масло,
  • жолчка за премачкување,
  • пакување свеж квасец,
  • пакување ванилин шеќер,
  • 300 мл. млеко,
  • 3 супени лажици шеќер,
  • прстофат сол,
  • 100 гр. бело грозје отстоено во рум,
  • 100 гр. црно грозје отстоено во ликер од вишњи,
  • рендана кора од портокал.

Потребни состојки за филот од мелен афион:

  • 250 мл. млеко,
  • 500 гр. шеќер,
  • пакување ванилин шеќер,
  • 100 гр. мелен афион,
  • 100 гр. црно грозје отстоено во ликер од вишњи,
  • 150 гр. мелени бисквити,
  • 100 гр. путер.

Сите состојки, освен путерот и бисквитите мелени, се варат околу 15 минути и се тргаат од оган. Тогаш се додава путерот и бисквитите и се остава филот да се олади.

Подготовка на тесто:

Се замесуваат брашното со квасецот – стасан во дел од млекото и јајцата, маслото, шеќерот и солта. Додека се замесува тестото по потреба се додава млеко. На убаво измесено тесот се додава рендана кора од портокал се измесува и се остава тестото да стаса, 30 минути. Потоа се размесува и се додава белото и црното грозје. Тестото се дели на два дела: едниот дел  го ставам во тркалезната модла, а другиот дел го делам на два дела за долгата модла. Од двата дел се расукува долга тесна кора, во средина се става ладен фил со афион и се затвара кората како ролат, филот да остане внатре. Потоа се земаат двата ролати и се плетат со вртење меѓусебе, плетенката се става во долгнавеста модла.

Се оставаат да стасаат 30 минути, покриени со крпа.

Се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со шеќер. Се печат во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин.

На здравје!

Next Article:

0 %