ДесертиКолач / РолатРецепти

Велигденски козињак (милиброд)

Мирисот што се шири низ куќата додека се пече велигденскиот козињакот е како музика за сетилата, поубав од мирисот на пролетните цвеќиња.

Состојки за две плетенки:

  • килограм брашно,
  • 4 јајца,
  • 50 мл. масло,
  • жолчка за премачкување,
  • пакување свеж или сув квасец,
  • пакување ванилин шеќер,
  • 300 мл. млако млеко,
  • 3 супени лажици шеќер,
  • прстофат сол,
  • 100 гр. сува брусници отстоени во млака вода,
  • 100 гр. суво црно грозје отстоено во рум,
  • рендана кора од лимон.

Подготовка: Се замесуваат брашното со квасецот – стасан во дел од млекото и јајцата, маслото, шеќерот и солта. Додека се замесува тестото по потреба се додава млеко. Убаво измесеното тесто се покрива со растеглива фолија и се остава 40 мин. да се удвои тестото. Се измесува тестото и му се додава рендана кора од лимон се дели на четири топчиња (за две плетенки по две топчиња) се покриваат со памучна крпа и се оставаат  да стасаат, 30 минути. Потоа се земаат две топчиња за подготовка на една плетенка,  без месење со сукало се развлекува правоаголна кора од секое топче, врз едната кора се ставаат брусниците, врз другата кора се става грозјето, потоа се ролова тестото да се добие долг ролат. Потоа со остар нож одозгора во средина се сечат, се земаат двата ролати и се плетат со вртење меѓусебе, плетенката се става во долгнавеста модла обложена со хартија.

Се оставаат да стасаат 20 минути, покриени со крпа.

Се премачкуваат со жолчка и се печат во загреана рерна на 200 степени, 30-40 мин. Оладени се сечат и се служат.

Уживајте во секој залог со овој прекрасен и сочен Велигденски козињак-милиброд!

 

Next Article:

0 %