ДесертиКолачи

ВАНИЛИЦИ ронливи, слатки задоволства, во уста се топат, со џем од кајсии и џем од вишни

Рецептов е од мајка ми, јас само додадов малку кора од лимон.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:
– 250 гр. Путер или маст (на собна температура),
– 250 гр. Шеќер,
– 3 жолчки,
– јајце,
– 100 гр. Мелени ореви (јас ставив бадеми),
– 500 гр. брашно (по потреба),
– 2 ванилин шеќер,
– кора од лимон 🍋,
– џем по желба,
– 100 гр. шеќер во прав.

Bobe’s bakery

👩🏼‍🍳Подготовка:
Се мешаат путерот, шеќерот и ванилите со миксер. Потоа се додаваат жолчките и јајцето, па малку кора од 🍋 лимон. Се додаваат мелените ореви и постепено се додава брашното со месење. Тестото да не биде многу меко, да може со сукало да се расука кора. Од тестото се формира една топка се покрива со растеглива фолија и се остава да одмори 20 минути.
На набрашнета површина се расукува кора со дебелина од 1см.
Со модла се сечат форми по желба.
Јас со чаша за ракија ги сечев.
Се редат на хартија за печење во тава.

Bobe’s bakery

Се печат 15 минути на 180 Ц, во загреана рерна. Треба да се бели, да не заруменат многу.
Кога ќе се оладат се мачкаат со џем и се лепат едно со друго.
Потоа се ставаат во шеќер во прав.
Се чуваат во метален или стаклен сад, од ден на ден, стануваат уште поронливи.
👌Наздравје сладење!/Б.Б.

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %