ДесертиКолачи

Васини тортички

vasini torticki

Васина торта, но на мој начин. Има вкусови што се создадени еден за друг. Чоколадото ја носи раскошноста, оревите длабочината, а портокалот онаа прекрасна свежина што ја прави секоја нота посебна. Класичен вкус што буди спомени и љубов во секој слој. Едноставно, чоколадно и неодоливо!

vasini tortickiПотребни состојки за 6 тортички:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажици брашно
  • 4 лажици мелени ореви
  • Рендана кора од портокал
  • Сок од 1 портокал (за натопување)

За фил:

  • 3 жолчки
  • 3 лажици шеќер
  • 125 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 100 грама мелени ореви
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама путер
  • 50 грама шеќер во прав
  • Рендана кора од портокал

За шам:

  • 3 белки
  • 125 грама шеќер

vasini tortickiПодготовка: Ги одделуваме белките од жолчките. Белките ги матиме во цврст снег, со постепено додавање на шеќерот. Ги додаваме жолчките една по една, додека матиме. Ги соединуваме со претходно измешани брашното и мелените ореви и внимателно ги вмешуваме со шпатула, со кружни движења. Смесата ја истураме во тава 20х30 врз хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 170 °C околу 20 минути. Испечениот пандишпан целосно го ладиме, па со калапот круг со пречник 7 см, сечеме 6 круга.

Фил: Жолчките и шеќерот ги матиме до згуснување, потоа продолжуваме со матење на пареа додека да добиеме густ крем. Оставаме да се олади. Млекото и шеќерот ги зовриваме, па ги тргаме од оган и ги додаваме мелените ореви. Чоколадото го топиме на пареа и оставаме да се олади. Путерот го матиме пенасто со шеќерот во прав, па ги соединуваме сите изладени смеси и ја додаваме ренданата кора од портокал.

Пандишпанот го боцкаме на неколку места со чачкалица, го натопуваме со сокот од портокал, му го враќаме калапот и рамномерно го нанесуваме филот врз тестото, полека го креваме калапот нагоре, да остане формата. Така продолжуваме со останатите пет. Па ги оставаме во фрижидер додека да се подготви шамот.

Шам: Во тенџере на среден оган ги ставаме шеќерот и белките и матиме со рачна маталка додека се сврзат белките и шеќерот да се растопи. Потоа продолжуваме да ги матиме со миксер до цврст снег. Готовиот шам ставете го во вреќичка и нанесете го врз сите тортички врз филот, направете форми по желба. Тортичките најдобро е да отстојат и да се оладат преку ноќ, за вкусовите целосно да се соединат.

Пред послужување со бренер загорете го шамот, малку да се карамелизира.

На здравје!

vasini torticki

Next Article:

0 %