ДесертиКолач / РолатРецепти

🍒Корален колач со вишни🍒

Потребни состојки:
За тесто:

  • 180 гр путер( маргарин), 
  • 3 јајца,
  • 200 гр шеќер,
  • 250 гр брашно,
  • Прашак за печиво,
  • 3-4 лажици млеко.

Бел фил:

  • 700 мл млеко,
  • ванила,
  • 150 гр шеќер,
  • 2 пудинга од ванила,
  • 3 лажици кисела павлака,
  • 5 гр желатин,
  • 500 гр вишни (исчистени од семки).

Корален прелив:

  • 150 гр изблендирани вишни,
  • 100 гр шеќер,
  • 5 гр желатин.

Начин на подготовка:
Се мати путерот со шеќерот, па се додаваат јајцата, млекото, прашакот за печиво и брашното. Оваа смеса се тура во намастена тава и се пече 20 минути во загреана рерна на 175 Ц.
Печеното тесто се полева со вишновача или (ликер што го имаме) и над него се тураат вишните исчистени. Млекото, шеќерот, ванилата и пудинзите се варат да се згуснат. Кога ќе се згусне пудингот се трга од оган и се додава киселата павлака и желатинот кој претходно е растворен во ладна вода. Се меша убаво да се соедини. Вишните се полеваат со белиот крем топол и се остава да се олади додека се подготвува преливот.

Прелив: На оган да зовријат изблендираните  вишни со шеќерот. Се остава да вријат 5 минути па се додава претходно растворен желатин во ладна вода. Се меша се заедно и се прелева коралниот прелив над оладениот бел крем. Колачот се остава 30 минути да се олади во фрижидер, потоа се сечат коцки. Кога ќе се послужува одозгора може да се декорира со цреши./Б.Б.
😊Наздравје🍒

 

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
3
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %