НамазиПредјадења

Хумус

Хумусот е јадење кое потекнува од Египет, а денес е популарно во целиот свет, како поради богатиот вкус, така и заради хранливоста и ниската калориска вредност. Може да се користи во сендвичи, како прелив за салата или тестенини, или како сос за суров зеленчук и гарнир за главни јадења. Наш предлог е хумусот како пред јадење со интегрални соленки со семки.

Потребни состојки:
– 200 грама варен наут
– 40 грама Таан
– лажичка сол
– 3 супени лажици маслиново масло
– 3 супени лажици сенф
– Сок од лимон
– 3-4 лукчиња
– 2 главици цвекло варено


Подготовка:
Во блендер се ставаат сите состојки. Се блендираат убаво да се добие хомогена смеса.

Наздравје!

 

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Next Article:

0 %