Оваа проја е мека, ронлива со убав шмек од перцата на младите кромитчиња. Јас ја подготвив со козјо сирење, а вие ставете сирење по ваш вкус.

Потребни состојки:
- 3 јајца,
- 200 мл. јогурт/млеко,
- 200 мл. кисела вода,
- 50 мл. маслиново масло/масло за готвење,
- прашак за печиво,
- 1/2 мала лажичка сол,
- 15 големи лажици пченкарно брашно,
- 15 големи лажици бело брашно,
- 200 грама ронки сирење,
- перца од 3 млади кромитчиња,
- 30 грама мешани семиња за наросување одозгора.
Начин на подготовка:
Се матат јајцата, па им се додава киселата вода, јогуртот и маслото. На оваа смеса се додаваат брашната измешани со прашакот за печиво и солта. Се меша се заедно со лажица, па се додаваат перцата од кромид исечкани и ронките сирење. Се тура во намастена тепсија, па наросена со презла или во модли за мафини. Одозгора се наросува со мешаните семиња, па се става да се пече во загреана рерна на 220 Ц, 20 минути.
Наздравје!

