Замислете топло, штотуку извадено пиде од рерна – со златно-кафеава, крцкава кора посипана со сусам, која крцка при секој залак. Внатре, растопениот кашкавал се протега и се меша со интензивниот, благо солен вкус на синото сирење, создавајќи совршен баланс на кремасто и пикантно. На средината, нежно запеченото јајце додава сочност и ја заокружува целата приказна со својата мекост. Секој залак е комбинација од текстури и ароми – топло, богато и неодоливо вкусно, како вистинско мало гастрономско патување.
Состојки:
За тестото (4 пиде):
- 600 грама брашно
- 250 мл млака вода
- 1 мала лажичка шеќер
- 2 големи лажици маслиново масло
- 2 мали лажички сол
- 1/2 пакување квасец
За филот:
- 400 грама рендан кашкавал (ајдамер)
- 50 грама сино сирење
- лук во прав
- 4 јајца
- Соја сос (по потреба)
- 200 грама сусам

Подготовка:
Во мал сад измешајте го квасецот со 50 мл млака вода, шеќерот и малку брашно. Оставете го да се активира неколку минути.
Во поголем сад ставете го брашното, додадете го активираниот квасец, маслиновото масло, солта и преостанатата вода. Замесете меко и мазно тесто. Покријте го со крпа и оставете го да одмори околу 15 минути.
Тестото поделете го на 4 еднакви делови и обликувајте топчиња. Покријте ги со проѕирна фолија и оставете ги да стасаат околу 1 час, додека го зголемат волуменот.
Секое топче расукајте го на набрашнета површина во овална форма. Во средината ставете една четвртина од кашкавалот, наросете малку лук во прав а врз него распоредете малку сино сирење. Преклопете ги краевите навнатре за да добиете форма на „чамец“ и добро притиснете ги за да не истекува филот при печење.
Секое пиде премачкајте го со соја сос од двете страни, па валкајте го во сусам. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
Со нож направете засек по должината на горната страна за да се гледа филот. Печете во загреана рерна на 220°C околу 10–15 минути.
Извадете ги од рерна, во средината на секое пиде скршете по едно јајце и вратете ги да се печат уште околу 5 минути, додека тестото убаво зарумени, а јајцето се запече.
Сервирајте ги топли и уживајте во нивниот богат вкус.
На здравје!









