ЛебПечиваРецепти

Лепчиња за хамбургер – меки како памук

Меки, надуени, со млечен вкус се овие лепчиња за хамбургер.
Потребни состојки:
  • Од 900 гр. до 1кг. брашно,
  • 500 мл. млеко,
  • 40 гр. свеж квасец,
  • голема лажица мед,
  • голема лажица сол,
  • лажица маслиново масло,
  • две жолчки за премачкување,
  • сусам по желба.

Подготовка:
Во длабок сад се замесува тесто од сите состојки, освен жолчките кои се за премачкување на лепчињата. Тестото треба да е меко, скоро лепливо, се покрива  со памучна крпа и се остава да стаса околу 40 минути. Потоа се вади од садот и се размесува на набрашнета површина. Се формираат топчиња  со големина по ваша желба и се редат во тава обложена со хартија за печење. Повторно се покриваат со памучна крпа и се оставаат уште еден час.
Се премачкуваат со изматените жолчки, по желба се става и сусам и се печат  20 до 25 минути во загреана рерна на 230 Ц, за убаво да заруменат.
Наздравје!

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
7
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %