РецептиТестениниТрадиционални рецепти

Јајчаник со домашни јуфки

Некогаш најубавите јадења се правеле од она што го имало дома – домашни јуфки, свежи јајца, сирење, млеко и малку путер. Таков е и овој старински јајчаник, едноставен, но полн со вкус и спомени од домашната трпеза.

Состојки:

  • 300 г домашни јуфки
  • 5 јајца
  • 300 г бело сирење
  • 600 мл млеко
  •  100 г путер
  • сол, по вкус

Подготовка: Домашните јуфки кратко потпечете ги во претходно намрсена тава со путер, во загреана рерна на 200°C.

Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте го млекото, посолете по вкус и измешајте добро.  На потпечените јуфки додадете го издробеното сирење, измешајте, па истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200°C околу 35–40 минути, додека јајчаникот убаво не се стегне и добие златно-румена коричка.

Оставете го 10-тина минути да одмори пред сечење.
На здравје!


You may also like