Кога ќе посакате лесен, здрав, хранлив и вкусен оброк, овие банички од оризови кори се вистинскиот избор. Тие претставуваат современа и поздрава варијанта на традиционалните банички, подготвени со внимателно избрани состојки кои нудат одличен баланс помеѓу вкусот и хранливата вредност.
Крцкавите оризови кори совршено се надополнуваат со богатиот фил од сирење и спанаќ, создавајќи хармонија од текстури и ароми. Сирењето им дава кремаста структура и млечен вкус, додека спанаќот внесува свежина. Дополнително миксот семиња го збогатува секој залка со хранливи состојки.
Потребни состојки за 5 банички:
За филот:
- • 300 грама сирење, издробено
- • 200–250 грама свеж спанаќ (или 150 грама замрзнат, добро исцеден)
- 1 јајце
- малку сол, по вкус
- 1 лажица масло или растопен путер
За омекнување на корите:
- 2 јајца
- 200 мл млеко
За посипување:
• микс од семиња (сусам, лен, сончоглед, тиква и сл.)
Начин на подготовка: Во подлабок сад измешајте ги сирењето, ситно исечканиот спанаќ, јајцето, солта и маслото додека не добиете изедначен фил. Наредете една натопена кора, а врз неа поставете втора кора така што половина ќе ја преклопува првата, а половина ќе остане надвор од неа. На истиот начин поставете и трета кора за да добиете подолга основа за виткање на баничката. На почетокот од корите ставете дел од подготвениот фил роловајте и обликувајте баничка по желба. Наредете ги баничките во плех обложен со хартија за печење. Одозгора посипете ги со микс од семиња, па лесно премачкајте ги баничките со малку масло или растопен путер. Печете во претходно загреана рерна на 190°C околу 20 до 25 минути, или додека добијат убава златножолта боја.
На здравје!











