Топла, крцкава полна со фил е питата од хељдини кори.
Потребни состојки:
- 500 грама хељдини кори
- 2 тиквички
- 400 грама урда
- 3 јајца
- прашак за печиво
- лажица брашно
- 100 грама путер стопен
- лажица морска сол
Начин на подготовка:
Течност за премачкување: Се рендаат тиквичките, се посолуваат со морската сол, се ставаат во цедалка и се оставаат 10 минути да се исцедат. Потоа со рака се стискаат да излезе поголем дел од течноста. Течноста што се исцеди од тиквичките излезе 200 мл. ја турив во стаклен сад, му го додадов стопениот путерот, прашакот за печиво и лажица брашно ( јас ставив интегрално) и измешав се заедно, тоа ќе биде течност за премачкување на хељдините кори.
Фил: Во длабок сад се ставаат две јајца и белка од третото јајце, жолчката ја чуваме во посебен сад за премачкување на питата. Се матат јајцата, па во нив се додава урдата, ако не е солена се посолува и се додаваат исцедените тиквички. Се заедно се меша да се сврзе.
Од оваа доза најчесто има 12 кори, излегуваат четири ролата со по три кори. Се става една кора на работната маса, се премачкува со течноста, врз неа се реди друга кора која повторно се премачкува со течноста и врз неа се реди трета кора која исто се премачкува со течност и четвртина од филот се распоредува на почетокот од кората и се витка ролат. Ролатот се сече на четири парчиња па се редат во подмачкана тава. Се повторува постапката и со другите кори.
Кога питата е готова се премачкуваат со жолчката и се става во загреана рерна на 220 степени, да се пече 20 минути, да зарумени и да биде крцкава.
Наздравје!
На следново видео ќе го погледнете начинот на подготовка: