Домашното лепче толку е меко, воздушесто, миризливо со корка дебела и крцкава.
Потребни состојки:
- килограм брашно,
- 10 гр. свеж квасец,
- лажица сол,
- лажица маслиново масло и
- 600/700 мл. вода.
Подготовка:
Се замесува многу меко тесто од сите состојки. Кој несака да меси, може и во миксер со перките за месење тесто. Откако тестото е измесено, се формира топка која се става во длабок сад, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 12 часа (цела ноќ). Потоа се премесува и се става во пекач или тенџере обложено со хартија за печење, се посипува горниот слој со брашно и од горе нежно со притиска да се разнесе брашното насекаде, со остар нож се засекува горниот дел, па повторно се покрива со памучна крпа и се остава уште два часа да стаса. По второто стасување, се поклопува со капак и се става да се пече 40 минути во загреана рерна на 220 степени.
Со капак се пече 30 минути, потоа без капак уште десетина минути, за да добие убава боја. Штом ќе се извади од рерната, се вади од пекачот и се витка во памучната крпа, па се става на решетка да се излади, за долната страна да не се навлажни.
Наздравје!