Тесто за 8 тортиљи:
- 700 гр. брашно
- 300 мл. вода
- 40 мл. маслиново масло
- лажичка сол
- 20 гр свеж квасец.
Подготовка:
Од наведените состојки се замесува меко тесто. Се формира топка, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 40 минути. Се размесува и се дели на осум еднакви дела. Се прават топчиња од секој дел, се покриваат со крпа и повторно се остава да се одмори тестото 20 минути. Се зема првото топче и се размесува во кора со дијаметар до 30 цм. Се става во тава и се пече во загреана рерна на 250 степени пет минути за потоа да се преврти и да се пече повторно пет минути. Да се внимава да не се препече – треба да е мека и да може да се витка. Потоа се става во чинија и се покрива со крпа. Истата постапка се повторува и со другите кори.
Тортиљите може да ги користите за подготовка на бурито или роло гиро.
Наздравје!