ДесертиПечиваПити

Сочна пита со јаболка

Питата од јаболка е десерт што потекнува од Англија. Тие, најчесто, ја послужуваат со шлаг, сладолед или со чедар сирење. Питава, што денес ја подготвив и ја предлагам, е малку поинаква во подготовката, а ја сервирав со шлаг, а во горниот средишен дел ставив круша исечена на листови. Вкусот многу интересен, мој предлог е да се проба.

Потребни состојки за тесто:

  • 500гр. брашно,
  • 250гр. шеќер, 
  • 250 гр. путер,
  • две жолчки,
  • 1/2 пакување прашок за пециво,
  • пакување ванила шеќер.

Потребни состојки за фил:

  • 20 гр. путер,
  • 5 јаболка,
  • 2 лажици цимет.

Подготовка:
1. Фил:
Излупените јаболката се сечат на тенки кришки, се пропржуваат на путер, со три лажици шеќер и цимет по желба.
2. Тесто:
Путерот и шеќерот се матат, па им се додаваат жолчки и ванила. Постепено се додава брашното измешано со прашокот за печиво, да станат како тарана, па им се додава малку млеко, за тестото да се замеси. Тестото се дели на два дела. Се развива една кора се реди на намастен плех, врз него се реди филот и горе се затвара со другата кора. Се пече 30 до 40 минути во загреана рерна на 220 степени.

Наздравје сладење!

Next Article:

0 %