ДесертиКолачиПечива

Еклери

Совршено кремасти, тестото лесно, шупливо, полно со сатенски ванила крем и со чоколадна глазура одозгора.
Десерт за секоја прилика, во секое време можам да ги јадам, а да не ми здосадат.
Состојки:
 Тесто
  • 250 мл. масло за готвење
  • 250 мл. вода
  • 250 грама брашно
  • 5-6 јајца

Крем

  • литар млеко
  • 13 лажици шеќер
  • 2 пакувања ванилин шеќер
  • јајце
  • 5 лажици нишесте

Глазура

  • 100 грама чоколадо

Подготовка:

Првин во тенџере се ставаат да зовријат  250 мл. масло со 250 мл. вода, за потоа да се тргнат од оган. Се додаваат 250 гр. брашно, се мати  со миксер и додека смесата  непрестано се мати, едно по едно се додаваат пет јајца. Смесата не треба да биде течна, ако е доволно мека не се става шестото јајце. Со неа се полни шприц за потоа  на хартијата за печење да се пуштаат еклерите.

Најважно за тестото за еклери е рерната да не се отвора во текот на печењето. Печењето трае 20 минути, во загреана рерна на 220 степени се печат 10 минути, потоа се намалува температурата на 200 степени и се печат уште 10 минути. Се исклучува рерната, но не се отвара. Еклерите се вадат после 10 минути.

Крем:

Литар млеко, со десет лажици шеќер, се вари до зовривање на средна температура,  потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од едно јајце матено со три лажици шеќер, пет лажици густин и 50 мл. ладно млеко. Кремата се меша додека да згусне. Пред крај во кремот се додаваат две пакувања ванилин шеќер.

Се полни шприц со оладениот крем и се полнат еклери. На пареа се топи 100 гр. чоколадо и се премачкуваат одозгора еклерите со чоколадна глазура.

Наздравје!

Next Article:

0 %