ДесертиКолачи

Мињони полнети со желе од дуњи

Чоколадните мињони едноставни, убави на изглед и вкусни, а брзи и лесни за подготовка.

Посни и здрави, се надевам дека ќе пробате да ги подготвите.

Потребни состојки:
– 200 гр. Темно чоколадо за мињоните,
– силиконска модла за мињони.

Желе од дуњи:
– 3 дуњи,
– 500 гр. шеќер.

Подготовка:
Се растопува чоколадото на пареа, се премачкуваат модлите со тенок слој од чоколадото, потоа се ставаат во замрзнувач да се здрви чоколадото 10 минути. Се вадат и повторно се премачкува тенок слој чоколадо, па се редат во замрзнувач. Се оставаат во замрзнувачот додека не се подготви желето.

Желе од дуњи:
Во тенџере се ставаат дуњите исечкани на коцки, се прелеваат со ладна вода, над нив да има два прста и се ставаат да се варат додека омекнат дуњите.
Кога се сварени се прецедува течноста во тенџере без да се гмечат дуњите, се додава шеќерот и се става да се вари. Се вари додека не почнат меурчиња да се прават, да се згусне. Се вади пената .
Се трга од оганот малку да се олади, па се полнат чоколадните модли. Повторно се ставаат во замрзнувачот да се олади желето, па врз него се премачкуваат со чоколадо и пак во замрзнувачот уште 10 минути, да стегне чоколадото.
Наздравје!

Next Article:

0 %