Солени ролати

Ролат со спанаќ и туна – посен, брз и лесен

Ролатите лесно се прават и изгледаат многу убаво на празничните трпези. Посните ролати се лесни (без јајца, млеко…), се прават побрзо и се многу вкусни.

Состојки потребни за кората:

  • 150 грама брашно,
  • лажица прашок за пециво,
  • 200 грама обарен избледиран спанаќ,
  • 200 мл. кисела вода, 2 лажици масло.

За филот:

  • 200 грама конзерва туна во парче,
  • 100 грама посен мајонез,
  • оригано по вкус.

Подготовка:

Фил: Туната се цеди од маслото, па се меша со мајонезот и ориганото.

Тесто за ролатот: обарениот спанаќ се блендира, па му се додава брашното помешано со прашокот за пециво, мала лажичка сол, масло и киселата вода. Се заедно се меша, па се става на хартија за печење во плех. Се пече во загреана рерна десетина минути, на 200 Ц. Кога ќе се извади тестото од рерна веднаш се ролува во сама хартија, па се обвиткува со влажна крпа и се остава да се олади. Потоа тестото се филува, се ролува повторно и се остава во фрижидер еден до два часа, за состојките да се поврзат.

Наздравје!/Б.Б.

Подолу на видео може да го видите начинот на подготовката.

Next Article:

0 %