Десерт кој ќе ви го украде срцето!
Едноставен, а толку неодолив е овој десерт со пишкоти, темно чоколадо, кремаста слатка павлака и печени лешници. Идеален за сите љубители на чоколадо и кафе!
Пишкотите се натопени во еспрессо, создавајќи совршен баланс со чоколадниот пенаст крем кој го омекнува целиот вкус, а за крај – крцкавите печени лешници го носат ова искуство на цело ново ниво!
Подготовката е брза и лесна, а резултатот… магичен! Совршен десерт за секоја прилика.

Чоколаден сон -Bobe’s bakery
Состојки:
- 200 г пишкоти
- 200 мл слатка павлака
- 200 г темно чоколадо
- 1 шоља еспрессо
- 200 г сецкани печени лешници
Подготовка:
- Во мала чинија, подгответе еспресо и оставете го да се излади.
- Во меѓувреме, во сад на умерена температура, стопете го темното чоколадо со 50 мл. слатка павлака, и оставете го да се олади. Оладено изматете го со миксер.
- Во друг сад, изматете ја слатката павлака додека не стане густа и пенеста.
- Сврзете ги изматеното чоколадо и слатката павлака да добиете чоколаден крем.
- Пишкота се мачка со чоколаден крем и се лепи како сендвич со друга, одозгора се мачкаат со тенок слој чоколаден крем па се потопуваат во еспресо, но не ги оставате премногу долго за да не се распаднат, а потоа се валкаат во лешниците. Повторете го процесот додека не ги искористите сите пишкоти.
- Во тањир за послужување се реди секој сендвич пишкотите да се од страна а, во средина да е кремот, врз секој сендвич со шприц се става чоколаден крем.
Совет: За дополнителен ефект, можете да го декорирате со сецкани лешници.
Уживајте во оваа совршена комбинација.

Чоколаден сон -Bobe’s bakery