ДесертиКолачиРецепти

Туфахии – полнети јаболка

Во зимскиот период Ви препорачувам за сладење да подготвите Туфахии, ќе вкусите прекрасен спој од карамелот со оревите во комбинација со сатенскиот вкус на вареното јаболко, надополнето со шмек од каранфилче. Брзи се за подготовка, без тесто, може и со браон шеќер да се подготват.

Потребни состојки:

  • 6 јаболка, излупени, извадена средина и семките,
  • 7-8 каранфилчиња,
  • 150 гр. мелени ореви,
  • голема лажица путер,
  • 150 мл. млеко,
  • 700 гр. шеќер/ браон шеќер.

Подготовка:

Првин се подготвува филот. Ставаме 300 гр. шеќер во тенџере, на средна температура, за да карамелизира. На карамелот му додадаваме  една голема лажица путер и 150 мл. топло млеко. Потоа се додаваат мелените ореви да повријат 5 минути, го тргаме филот од оган и го оставаме да се олади.

Во длабок сад подготвуваме шербет:  400 гр. шеќер, 800 мл. вода и каранфилчињата да зовријат.

Во шербетот се варат излупените и исчистени јаболка  6-7 минути да вријат од едната, па потоа од другата страна уште 6-7 минути. Се вадат со цедалка и ги оставаме да се оладат. Во средината јаболката се полнат со оладениот фил, а најгоре се декорира по желба со мелени ореви, шлаг, јас ги декорирев со матен шам од белки и шеќер.

Се чуваат во фрижидер.

Наздравје! /Б.Б.

Comments are closed.

Next Article:

0 %