ДесертиРецептиТорти

Торта со јагоди

Мека, сочна, полна со фил е тортата со јагоди. Најчесто ја подготвувам за роденден.
Потребни состојки за тестото:
  • 4 јајца
  • 4 лаж. шеќер
  • 4 лаж. брашно
  • 50 мл. масло за готвење
  • 50 гр. лешници сецкани
  • прашак за печиво
  • ванилин шеќер
Подготовка:
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, па се додава маслото. Потоа се меша со шпатуладодека се  додава брашното измешано со прашакот за печиво и на крај се додаваат лешниците. Смесата се тура во тавче од 20 цм., за да биде повисока тортата, се пече 15-20 минути во загреана рерна на 220 Ц.
Потребни состојки за фил:
  • 500 гр. јагоди
  • 100 гр. шекер
  • 200 мл. слатка павлака
  • 200 гр. крем сир
  • 150 гр. путер
  • 200 гр. шекер во прав
  • 500 мл. млеко
  • 2 чоколадни пудинга
  • 50 гр. лешници сечкани
  • 5 гр. желатин
  • 150 гр. чоколадо за готвење за декорација

1. Во тенџере се ставаат 300 гр. јагоди сечкани со 100 гр. шекер да зовријат и се оставаат 5 минути да вријат, па се тргаат од оган.  Потоа се тураат во блендер да се  добие мазна смеса, на која и се додава претходно измешани 5 гр. желатин и 30 мл. ладна вода. Се меша и се тура смесата во округла модла обложена со растеглива фолија, па се става во замрзнувач да стои најмалку 20 мин.
2. Се вари пудингот со млекото и 7 лажици шекер на тивок оган, со мешање. Кога ќе се згуснен се трга од оган и се остава да се олади. Додека се лади потребно е да се меша повремено, за да не фати кора. Посебно се мати путерот со 50 грама шекер во прав. Ова се додава на оладениот чоколаден пудинг, па се додаваат сецканите лешници и се става кремот во фрижидер да стане по цврст.
3. Се мати слатката павлака, откако ќе згусне и се меша со претходно изматениот крем сир и 150 грама шекер во прав.
Тестото се сече на три дела. Првата кора се премачкува со чоколаден крем бр. 2, врз кремот се става како плочка од замрзнувачот јагодите во желатинот бр. 1, одозгора се реди втората кора од тестото. Втората кора се премачкува со белиот крем бр.3, па врз него се редат листови од свежи јагоди и се покрива со чоколаден крем бр.2 и се завршува со третата кора. Најгоре се премачкува со чоколадниот крем бр.2 и се става во фрижидер да се олади. Потоа се премачкува цела торта со белиот крем бр.3 и се става повторно во фрижидер пред да се декорира.
За декорацијата потребно е да се стопи 150 грама чоколадо за готвење. Стопено се тура во фишек направен од хартија за печење. Потоа на однапред подготвена лента за обвивка на тортата од хартија за печење се прават слободни форми со стопеното чоколадо. Се остава на дневна температура 10 минути да се здрви чоколадотот. Кога чоколадото е здрвено се вади тортата од фрижидер и се обвиткува со формите од чоколадо. Одозгора се украсува со останатите јагоди, секој со својата имагинација./Б.Б.
Наздравје!
Next Article:

0 %