Главни јадењаРецепти

Полнети ајварки (црвени пиперки)

Пиперки сакаме на секаков начин да јадеме, еве една интересна комбинација.

Потребни состојки:

– Модар патлиџан,
– 2 моркови,
– 2 домати,
– лукче,
– магдонос,
-100 гр. моцарела,
– 4- 5 ајварки ( црвени пиперки),        – сол и црн бибер,                                    – 50 мл. бело вино.

Начин на подготовка:

Се запржуваат модриот патлиџан исечкан на ленти и морковите, потоа се додаваат доматите на коцки сечкани, лукчето, сол и бибер. Се додава виното, и се остава 5 минути да се крчка, па се додава магдоносот. Се трга од огнот, па се додава моцарелата изрендана, се меша се заедно, па се полнат пиперките. Потоа во врел зејтин се ставаат и се поклопуваат со капак, се вртат од другата страна и за 2-3 минути се готови.
Наздравје!

 

Next Article:

0 %