Главни јадењаМезињаПредјадењаРецептиТрадиционални рецепти

Печени дојрански белoвици – вкус што се памети

Овој рецепт ја истакнува едноставноста како најголемата тајна на добриот вкус: малку сол, малку црвен пипер и благо прскање масло за јадење се доволни за да се создаде вистинско гастрономско искуство. Печените беловици стануваат крцкави однадвор, а остануваат нежни и сочно месести внатре, со вкус што не се заборава и секогаш остава желба за уште еден залак.

Состојки:
  • 1 кг. свежи дојрански беловици
  • сол, по вкус
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • масло за јадење
Подготовка:

Беловиците исчистете ги брзо и темелно, исплакнете ги со ладна вода и добро исушете ги. Посолете ги и оставете ги неколку минути да го впијат вкусот. Во сад измешајте брашно со црвен пипер. Секоја беловица извалкајте ја во мешавината.

Во тава, врз хартија за печење наредете ги рибите да не се една врз друга, потурете ги одозгора со масло за јадење и ставете ги во загреана рерна на 220 Ц, да се печат 15-20 минути, додека да заруменат.

Послужете ги топли, со парче лимон, свежа салата или домашен леб. Идеални се како предјадење или главно јадење за вистинските љубители на риба.

 

На здравје!

More in:Мезиња

You may also like

Десерти

Васина торта

Има торти што не се само десерт, туку спомен, традиција и мирис на дом. Васината ...