ПредјадењаРецепти

Македонски пинџур

Највкусно, здраво, летно мезе е пинџурот. Ако во него ставите и неколку лути пиперки, да налутува по малку со домашно топло лепче и сирење е добитна комбинација. Ова е мојата традиционална рецепта за пинџур по која го подготвувам.

 

Потребни состојки:

  • 750 гр. печени зелени пиперки (2-3 лути пиперки)
  • 400 гр. печени домати
  •  печен модар патлиџан
  • 3 чешниња лук
  • 50 мл. масло за јадење
  • Сол по вкус

Начин на подготовка:

Печените пиперки, домати и модар патлиџан се лупат, се чистат пиперките од семките и се оставаат во цедалка, половина час да излезе течноста.

Во дрвен аван се толчи лукот со лажица сол, кога ќе стане кремаста смеса се додаваат постепено пиперките, доматите и модриот патлиџан и се толчи се заедно додека пинџурот ја добие посакуваната текстура. Се додава сол по вкус и на крај врз пинџурот се полева маслото претходно загреано да чврчне.

Наздравје! /М.М.

Подолу на видеото може да го погледнете начинот на подготовка.

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
8
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %