Главни јадењаРецепти

Похован ослич во орли сос

Во крцкава кора обвиткан, а внатре сочен и мек е осличот похован во орли сос. Пивото му дава посебен вкус.

Орли сосот е убав и за пилешко месо, но со риба е топ комбинација, посно и здраво. Јас секогаш го подготвувам со пченкарно брашно, но може и со други брашна да се подготвува.

Потребни состојки:

  • 400 грама филети од ослич
  • масло за јадење за пржење
  • пченкарно брашно по потреба за валкање на осличот
  • 200 грама презла

Орли сос:

  • чаша пченкарно брашно
  • лажица зачинал
  • 1/2 лажица сол
  • 2 лажици црвен пипер
  • чаша пиво

Подготовка:

Во длабок сад се ставаат сувите состојки за орли сосот. Се мешаат, па се додава пивото. Сосот се меша да запени и да стане како смеса за палачинки.

Филетите ослич се валкаат во пченкарно брашно, потоа се ставаат во орли сосот, во презла и се пржат во топло масло за јадење.

Маслото откако ќе се загрее се намалува на средна температура. Се пржат додека заруменат.

Наздравје!

На следното видео може да го видите начинот на подготовка:

 

Next Article:

0 %