Ова традиционално јадење се подготвува од пченкарно брашно, кое е полно со растителни влакна, често се подготвувало во македонските домови. Структурата му е топчеста, ронлив е, но сепак мек кога ќе се вкуси. Неговиот пченкарен вкус најдобро се надополнува со кисело млеко.
Потребни состојки:
- 1 кг. пченкарно брашно
- лажица сол
- 100 гр. путер
- 100 мл. масло
- 2,5 л. вода
Начин на подготовка:
Во длабок сад се става водата да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава солта и потоа постепено се додава брашното. Со рачка од дрвена лажица се прават повеќе дупчиња во брашното и се остава да се вари на тивок оган околу час и триесет минути, без мешање. Откако ќе се свари, се меша со сукалото со кружни движења, потоа се додава претходно загреаниот путер и маслото, па одново се промешува, сè додека убаво не се иситни. На крај, по желба, може и да се потпече во рерна.
Подолу има видео да се види подготовката.
Качамакот може да се подготви и посно, доколку се стави масло или маргарин наместо путер.
Ова јадење се сервира со сирење, кисело млеко или јогурт, освен во посни денови.
Наздравје!