ДесертиКолач / РолатРецепти

Mille feuille – со крем од лимон 🍋

Слоевито и крцкаво лиснато тесто, полно со фантастичен, сатенски крем од лимон.
Во еден здив го изедов парчето, аромата од ренданата кора лимон во кремот уште ја осеќам.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:

  • 500 гр. лиснато тесто
  • 600 мл. млеко
  • 10 лажици шеќер
  • рендана кора од 2 лимони
  • 2 жолчки
  • 4 лажици нишесте
  • 100 мл. вода
  • шеќер во прав за наросување

Подготовка:

Лиснатото тесто го поминувам со сукало да добијам поголемо тесто, па го делам на две, за долен дел и дел за одозгора. Ги редам во голема тава на хартија ги боцкам со вилушка и ги наросуваме со шеќер кристал. Вака подготвено тестото го печам во загреана рерна на 200Ц, да зарумени 15-20 минути. Кога се печени ги оставам да се оладат.

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Крем: Млекото со осум лажици шеќер, се вари до зовривање на средна температура, потоа се додава постепено претходно подготвена смеса од жолчките изматени со две лажици шеќер, четири лажици густин и 100 мл. вода. Јас смесата ја турам преку цедалка, за кремот да нема грутки, да биде мазен. Кремот се меша додека да згусне, пред крај во кремот се додаваа ренданата кора од лимоните. Кога кремот ќе стане доволно густ се трга од огнот и се остава да се лади, со повремено мешање, да не фати кора.

Bobe’s bakery

На подлога го ставам едното тесто, врз него го турам кремот од лимон и врз кремот го редам другото тесто. Најгоре се наросува со шеќер во прав и се остава 30 минути во фрижидер.

🍋Наздравје!

Bobe’s bakery

 

Next Article:

0 %