ЗимницаСлатка и џемови

Слатко од дуњи

slatko od dunji

Слатко од дуњи со боја на килибар, малите коцки блескаат како мали скапоцени камења. Нивната проѕирна златна нијанса, го открива богатството на есенските плодови, додека мирисот на дуњи и префинетата сладост создаваат вкус што потсетува на некои одамна заборавени времиња. Секое парченце е мало златно богатство — крцкаво, сочно и полно со арома, вистински драгоцен бисер на традиционалната домашна зимница.

slatko od dunjiПотребни состојки за слато од дуњи:

  • 1 кг исчистени дуњи
  • 700 г шеќер
  • 300 мл вода
  • 3 тенки тркалца лимон

slatko od dunjiПодготовка на слатко од дуњи:

Дуњите измијте ги, излупете ги и отстранете им ги семките. Исечете ги на мали коцкички. Ставете ги во вода со малку лимонов сок за да не потемнат. Во широк сад ставете ги шеќерот и водата. Варете додека шеќерот не се растопи и сирупот малку не се згусне. Додајте ги исцедените дуњи и варете на умерена температура. Не мешајте често со лажица за да не се распаднат парченцата, туку повремено протресувајте го садот. Отстранувајте ја пената што се создава на површината. Варете околу 40–60 минути, зависно од зрелоста на дуњите и големината на парченцата. Пред крајот додајте ги  сокот од половина лимон, а по желба и ванилиниот шеќер.

Слаткото е готово кога парченцата се проѕирни, а сирупот е густ, но сè уште течен. За проверка, капнете малку сируп на ладна чинија — капката треба бавно да се разлева. Покријте го садот со чиста крпа и оставете го слаткото да отстои неколку часа, а потоа соберете го во чисти, соодветно стерилизирани тегли.

На здравје!

slatko od dunji

slatko od dunji

Next Article:

0 %