ДесертиКолачиРецепти

Пуслици – мали, нежни и неодоливи

Пуслици

Пуслици – има нешто магично во нив. Неколку едноставни состојки се претвораат во мали бели облачиња што се топат во устата. Крцкави однадвор, нежни одвнатре и доволно елегантни за да го украсат секој десерт. Совршени се за празничната трпеза, за послужување со кафе или едноставно кога ќе посакате нешто слатко, лесно и неодоливо.

Состојки:

  • 4 белки
  • 320 г шеќер
  • 1 мало лажиче јаболков или вински оцет

Пуслици

Подготовка:

Белките се матат со миксер додека да се добие цврст и сјаен снег. Без прекин во матењето, постепено се додава шеќерот, лажица по лажица, и се продолжува со матење додека да се добие густ, мазен и стабилен шам. На крајот се додава оцетот и кратко се мати за да се соедини со смесата.

Подготвениот шам се става во слаткарска кеса со шприц и на плех обложен со хартија за печење се формираат мали пуслици по желба.

Нареди ги во плех обложен со хартија за печење. Се ставаат во претходно загреана рерна да се сушат без отворање, на температура: 90–100 °C, со горен и долен грејач, околу 1,5–2 часа за мали пуслици, зависно од големината и рерната. Потоа исклучи ја рерната и остави ги внатре со подотворена врата додека целосно да се изладат.

Пуслици

Совет: За убави, цврсти пуслици, садот и маталките треба да бидат целосно чисти и суви, без траги од маснотии или жолчка. Шеќерот додавајте го постепено за да се раствори добро и да добиете мазен, сјаен шам.

На здравје сладење!

 

Next Article:

0 %