Некогаш најубавите јадења се правеле од она што го имало дома – домашни јуфки, свежи јајца, сирење, млеко и малку путер. Таков е и овој старински јајчаник, едноставен, но полн со вкус и спомени од домашната трпеза.

Состојки:
- 300 г домашни јуфки
- 5 јајца
- 300 г бело сирење
- 600 мл млеко
- 100 г путер
- сол, по вкус
Подготовка: Домашните јуфки кратко потпечете ги во претходно намрсена тава со путер, во загреана рерна на 200°C.
Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте го млекото, посолете по вкус и измешајте добро. На потпечените јуфки додадете го издробеното сирење, измешајте, па истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200°C околу 35–40 минути, додека јајчаникот убаво не се стегне и добие златно-румена коричка.
Оставете го 10-тина минути да одмори пред сечење.
На здравје!











