ДесертиКолач / РолатРецепти

Куглоф

Десерт кој ги комбинира богатството на чоколадото, освежувачата арома на портокалот и крцкавоста на бадемите. Оваа трио е нешто што никој не може да одолее! Чоколадото носи длабок, неодолив вкус, портокалот додава светлина и свежина, а бадемите го заокружуваат сè со својот јаткаст вкус. Оваа комбинација е совршена за сите кои сакаат да се потсетат на магијата што ја создаваат природните состојки кога се спојат во совршен десерт.

Состојки:

За тестото:

  • 250 гр. брашно
  • 200 гр. шеќер
  • 80 гр. какао
  • 1 прашак за печиво
  • 1/2 лажичка сода
  • ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 2 јајца
  • 250 мл. млеко (измешано со 1 лажица лимонов сок)
  • кора од еден портокал
  • 80 мл. масло
  • 200 мл. врела вода
  • 100 гр. чоколадни капки или исечкано чоколадо
  • 100 гр. бадеми печени, сечкани

За чоколаден прелив:

  • 100 мл. слатка павлака
  • 100 гр. темно чоколадо

За прелив од портокал:

  • Сок од еден портокал
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици нишесте

Подготовка:

  1. Почнете со тоа што ќе го измешате млекото со лимоновиот сок и ќе го оставите 10 минути да отстои. Ова ќе го направи млекото да се згусне и да има благ киселкаст вкус, совршено за тестото.
  2. Во посебна чинија, измешајте ги сите суви состојки: брашно, шеќер, какао, прашак за печиво, сода, ванилин шеќер и сол.
  3. Додадете ги јајцата, маслото и млекото во сувите состојки и започнете да матите со миксер додека не се соединат сите состојки. Потоа постепено додавајте ја врелата вода и продолжете со матење, за да добиете ретка смеса.
  4. На крај, додајте ги чоколадните капки и сечканите бадеми, па нежно измешајте.
  5. Истурете ја смесата во намастен калап за куглоф и ставете го во претходно загреана рерна на 180°Ц. Печете го 40 минути или додека не стане чврст и пријатно миризлив.
  6. Кога ќе го извадите од рерна, оставете го 10 минути да се олади, па потоа превтртете го калапот и внимателно извадете го куглофот.
  7. Чоколаден прелив: Во тенџере, загрејте ја слатката павлака додека не започне да врие. Додадете ја врелата павлака врз исечканото чоколадо и мешајте додека чоколадото не се стопи и не добиете мазен прелив.
  8. Прелијте го куглофот со чоколадниот прелив и оставете го да се олади. Кога ќе се олади, ќе бидете подготвени за преливот од портокал.
  9. Прелив од портокал: Во мало тенџере, измешајте процеден преку ситна цедалка, сок од портокал и шеќер, на средна температура со непрестано мешање додете го нишестето претходно измешано со малку вода. Мешајте додека не се згусне и се постигне кремаста текстура.
  10. Прелијте го на горниот дел и во средината (во длабнатината) кугловот со преливот од портокал, и оставете да се лади.

Совет: За уште побогат вкус, можете да го декорирате куглофот со наросување на сечкани бадеми врз преливот од портокал.

Овој куглоф е идеален за секој кој сака да ужива во меко, чоколадно задоволство, а со преливот од портокал ќе му додадете и дополнителна доза магија!

Next Article:

0 %