Главни јадењаРецепти

Пролетна рапсодија од вкусови: полнети тиквички

Доколку ви недостасуваат идеи за подготовка на вкусно пролетно јадење, предлагаме: полнети тиквички, запечени во рерна, што нема да ви одземат многу време за подготовка.

Разбудете ја вашата креативност и играјте со поинакви форми. Трансформирајте го вашиот оброк во кулинарско волшепство.

Потребни состојки:

  • две тиквички,
  • 300 гр. варено пилешко месо,
  • 150 гр. варен ориз,
  • 150 гр. биено сирење или пармезан,
  • три моркови (средна големина),
  • две млади кромитчиња,
  • 1/2 китка магдонос,
  • 50 мл. вино,
  • сол, бибер и лук во прав.

За сервирање: 200 гр. кисела павлака.

Подготовка:

Половина тиквичка се сечка на коцки а останатите тиквичките се сечат на тенки листови по должина и се посолуваат да ја пуштат течноста. Во загреана тава на масло се пржат морковите, па се додаваат сечканите тиквички и кромитчето, се зачинува па се додава вареното пилешко месо и се пржи се заедно 5 минути. Се додава вино и се остава да крча уште 5 минути. На крај се додава претходно сварен оризот и магдоносот се меша се заедно, се трга од оган и се додава рендан пармезан/биено сирење.

Во огноотпорни модли се редат тиквичките од средината на дното да излегуваат надвор од модлата, како лепеза,  се полни со смесата, па се преклопуваат тиквичките што се надвор, врз смесата. На долниот линк може да го видите начинот на редење. Се печат 15/20 минути во загреана рерна на 220Ц, се сервираат со превртување од огноотпорната модла на тањир за послужување храна, се вадат од модлата, одозгора се декорира со топка кисела павлака и сечкан магдонос.

На здравје!

Next Article:

0 %