Состојки:
- 700 гр. шеќер
- 500 мл. вода
- 200 гр. маргарин
- 500 гр. мелени бисквити
- 200 гр. ореви мелени
- ванилин шеќер
- 3 лажици какао
- 5 листа обланди
Подготовка: Во тенџере се тураат заедно водата, шеќерот и маргаринот, се оставаат на силен оган додека да зоврие водата и да се стопи маргаринот, се додава ванилиниот шеќер и се трга од оган. Потоа во течноста се додаваат мелените бисквити, оревите и какаото со мешање додека да се соединат состојките. Филот се остава да се олади со повремено мешање. Се става лист од обланда на подлога и врз него се става четвртина од оладениот фил, врз филот се става повторно лист од обланда, па се филува додека се потроши филот и обландите. Се завршува со лист од обланда, па се оставаат најмалку час да се залепат, потоа обладата се сече во форма на правоаголници и се послужува.
На здравје сладење!