Секој слој ново изненадување, затоа овој десерт го нареков “Pear surprise 🍐”.
🥄Кога ќе се вкуси првата лажичка волшебениот вкус од крушата, обвиткан со шмекот на каранфилчето ве носи во универзумот.
🥄Втората лажичка кога ќе се нурне подлабоко до утробата на крушката која е наполнета со мелени ореви и нутела почнува друга приказна.
🥄Третата лажичка ќе навлезе во сатенскиот суптилен крем од круши🍐
🥄Четвртата лажичка е до дното, каде под снежно – белиот крем со песоклива структура се мелени ореви и кршени бисквити попрскани со шербетот од круши, кои на целиот мазен десерт му даваат рустична структура👌🏻
Потребни состојки:
- 5 круши излупени, исчистени семките
- 7-8 каранфилчиња
- 200 грама шеќер
- 150 грама шеќер
- 50 грама кршени бисквити
- 3 лажици нутела
- 3 лажици густин
- 200 мл. млеко
- јајце
Подготовка:
1. Крушите се лупат, дршката се остава и одоздола се вадат семките, се внимава да не се изгуби формата.
2. Во длабок сад на оган подготвуваме шербет: 200 гр. шеќер, 600 мл. вода и каранфилчињата да зовријат.
3. Во зовриениот шербетот се ставаат крушите да се варат 5-6 минути да вријат од едната, па потоа од другата страна уште 5-6 минути. Се вадат крушите од шербетот со цедалка и се оставаат да се оладат.
4. Се вадат каранфилчињата од шербетот и се додава млекото се остава на тивок оган. Во него се додава со непрестано мешање на шербетот преку цедалка за да нема грутки, претходно подготвено, изматено јајцето со две лажици шеќер и густинот. Се меша се додека не се добие густ крем, па се трга од огнот.
5. Во стаклени садови/чаши се става по една мала лажица бисквити и ореви. Врз нив се тура топол кремот од круши, подеднакво во сите садови.
6. Се меша нутелата со останатите мелените ореви, па во средината одоздола крушите се полнат со филот.
7. Крушите се редат во секој сад врз кремот. Одозгора се наросуваат со мелени ореви и се послужуваат.
На здравје сладење!
https://youtube.com/shorts/hmGzGt6UZMA?si=YYHctGDH2VXDFOaO